КАВАЛ 

 Почетна | Историја на кавалот | Песни за кавал | Самоучител по кавал | Авторство



 

ИСТОРИЈА НА КАВАЛОТ

Кавалот е многу стар инструмент кој потекнува од Балканот, поточно од Македонија,Бугарија и Турција.

Кавалот е цилиндрична дрвена труба со отвори на двата краја.Има два вида на кавали и тоа едниот е направен само од едно парче дрво, а другиот од три парчиња на дрво. Трите парчиња на дрво се ставаат едно врз друго, за да состават една труба со должина од 60-85см.

Кога станува збор за кавалот во Македонија има многу да се кажува, како што е запижано на иконостасите тој датира некаде од третиот век.Кавалот го измислиле овчарите, тој е еден од најстарите дувачки традиционални македонски инструменти. Кавалот се изработува најчесто од дрво, најпогодно дрво за изработка на кавалот е јасенот кој што го има насекаде во Македонија. Најчесто се избира дрвото кое било повеќе изложено на сонце, и се зема стеблото од коренот према врвот.

 

Кај нас во Република Македонија традиционално се користи кавалот составен само од едно парче дрво. На тоа парче дрво има седум отвори од горната страна и еден отвор од долната страна, растојанието помеѓу две дупки е околу 2см. Калибарот на кавалот изнесува некаде околу 16мм. Освен овие 8 дупки истотака има уште 4 дупки кои се наречени акустични, бидејќи од тие дупки излегува звукот надвор.

 

Додека пак вториот тип на кавал традиционално се користи во соседна Република Бугарија составен од три парчиња на дрво со расклопување на три дела од кој што:

-Првиот дел е делот од каде што се свири. Тој дел завршува со остар раб.(на сликата десно)

-Вториот дел од кавалот има седум отвори од горната страна за прстите и еден од долната страна за палецот, слично како кај нашиот.(на сликата во средина)

-Третиот дел има четири отвори од каде што излегува звукот тие се наречени “акустични дупки”.(лево на сл.)

 

 

 

 

 


© Copyright 2006 CDNN и Институт за Информатика