КАВАЛ 

 Почетна | Историја на кавалот | Песни за кавал | Самоучител по кавал | Авторство



 

Песни за кавал

Кавалот е од најбележителните уметнички средства за зрачење на македонската душевност, тој звучи многу топло на него се свират различни мелодии, но во Макеедонија најчесто на кавалот се свират езгиите и ритмичките ора. Кавалот има солистичка улога, свирачите на кавалот до особен интерес доаѓаат при свирење на широки расвирени кавалски мелодии познати како езгии кај народот, тие езгии се свират со најдлабоките тонови таканаречени со каба тоновите.

 

Kавалот во традиционалната музикa:

Миле Коларов - Шарпланинска Езгија
Никола Цветковски - Езгија
Стојанче Костовски - Овчарска Езгија

 

На гости кај Ангеле Димовски

Едно од најпознатите музички семејства во Македонија па и надвор од границите е семејството на еден од најдобриот кавалџијата во Македонија Ангеле Димовски. Ангеле Димовски свири во оркестарот на македонската радио телевизија. Неговото семејство не само во Македонија туку и надвор од Македонија е познато како фамилијарен оркестар “Шарен Кавал”.

 

Како што кажува Ангеле Димовски кога бил во универзитетот на Беркли во Америка на предавање заедно со својот син Гоце (кој свири во групата Синтезис) бил многу изненаден колкаво значење му било посветено на овие традиционални македонски инструменти особено на кавалот, гајдата, зурлата и тапаните.

 

Една од најубавите македонски песни “Зајди, зајди” во изведба на Ангеле Димовски и Ѓоко Танески.

 

 

.avi(3.00MB)

 

Ова е доказ за музикалноста на оваа фамилија. “Пирин Планина” во изведба на Ангеле Димовски и неговата сопруга. .avi(2.10MB)

 

 

 

 

 

 

 


© Copyright 2006 CDNN и Институт за Информатика