КАВАЛ 

 Почетна | Историја на кавалот | Песни за кавал | Самоучител по кавал | Авторство



 

СВИРЕЊЕ НА КАВАЛ

Најтешка работа кај кавалот е испуштање на звук , по прв пат.Може да поминат часови додека да ја испуштите првата нота , а може да моминат и неколку дена да се случи тоа.. Но не треба да се откажете , треба да бидете трпеливи и ќе откриете дека е сосема лесно и ќе ги изненадите пријателите со покажаниот резултат.

Дувалката ( мундушката ) на кавалот има накосен крај , тој се наоѓа најдалеку од дупките на кавалот.Држете ги усните подотворени за сега и ставете ја мундушката врз десната страна на усната . Имајте предвид дека сликата го покажува тоа кое ќе го видите ако се гледате во огледало. Краевите на трубата треба да лежат на двете усни .

Тоа е првиот начин на определување на приближните агли под кои се дува.

Седнете на стол со нозете на подот .Држете го кавалот до устата а долната страна на кавалот нека паѓа накај внатрешната страна на ногата.Ако ја држете главата исправено и гледате право напред во коленото Вие ќе треба да сте во прав агол со кавалот.

Кога ќе свирете Вие ќе треба да годржите кавалот исправен за да може да ги гледате луѓето кои играат и пеат.Во таа позиција трубата не е паралелна со подот , се навалува малку надоле, кон лево или десно.

Дувнете лесен заокружен воздух кон отворот на трубата некаде помеѓу 8 и 10 ч.( ако гледате кон часовник),потокот од воздух е насочен под агол кон работ на трубата. Не дувајте право во трубата него дијагонално кон вашата лева страна. Дувајте лесно.

Потрудете се да направете форма О со усните како да изговарате О обидете се со огледало.

Пример : Засвирете со усните без кавал и потоа приближете го кавалот свирејќи. Потрудете се да ја задржете формата на усните , но звукот од свирката нека не исчезне. Не е потребно да дувате силно.. Обидете се да го одржите контактот на трубата со горната и долна усна без да ги стискате силно.

На сликата е покажано како трба да бидат наместени прстите на кавалот. Палецот на левата рака ја запушува дупката од долната страна на кавалот, а трите прста од левата рака ги натискаат трите најгорни дупки додека најмалиот прст од левата рака виси во воздухот.

Десниот палец само го придржува кавалот од долната страна.Останатите четири десни прста ги запушуваат останатите четири дупки.

 

 

За држењето на прстите при испучтање на тоновите по детално е опишано на следниот линк...

 

 

 


© Copyright 2006 CDNN и Институт за Информатика